| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Заев во посета на Крива Паланка

По повод големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев изутринава ќе присуствува на свечената литургија во црквата „Св. Богородица” во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.

Заев потоа ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новите сали на општината Крива Паланка, каде ќе има и кратко обраќање.

Премиерот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се сретне и со младите жители на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top