| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Заеви ќе го бојкотира референдумот

Членови на фамилијата Заеви ќе го бојкотираат референдумот поради итно и неодложно заминување на одмор во Бали. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, членови од семејството на премиерот Заев се упатиле на седмиот одмор летово од практични причини.

– Мораше да заминат на одмор, за да потрошат пари бидејќи со макотрпна работа евро по евро се собираат многу, и нема место каде да ги чуваат, а не ги ставаат на картица бидејќи се еколошки освестени граѓани кои знаат дека пластиката загадува, вели извор близок на семејството.

Затоа одлучиле да се жртвуваат со одмор на Бали каде е претопло и се држени како заложници од страна на слонови.

– Не им е воопшто лесно, но храбри се и ќе издржат. Им посакувам многу среќа, додава пријателот на семејството.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top