| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка попладнево кај Ќафасан: Шестмина повредени, тројца од нив македонски државјани

Во сообраќајна несреќа што се случи попладневно на патниот правец Либражд – Прењас, во близина на албанско-македонската граница кај преминот „Ќафасан“ учествувал и стружанец, a повредени се тројца македонски државјани.

Во директниот судар на две возила,со кои управувале македонскиот државјанин И.Л. (36) од Струга и С.С.(45) жител на Тирана, повредени се шест лица, на кои им е укажана лекарска помош во болницата во Либражд.

– Во сообраќајната несреќа повредени се Т.С. (75), Ѓ.К. (80) и Е.К. (85) сите жители на Тирана, како и македонските државјани М.Л. (31), Е.Л.(12) и Ќ.Л. Сите се префрлени во болницата во Либражд и се вон животна опасност, стои во полициското соопштение.

Ова е втора сообраќајка месецов во близина на преминот „Ќафасан“ во која учествува македонски државјанин. На 16 август учествуваше возило управувано од Валерија К. (25), во која повредени беа и нејзините три сопатнички. И тие минаа со полесни повреди и по дадената лекарска помош беа пупштени на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top