| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватот Брекало одбил да ја носи капитенската лента со боите на ЛГБТ заедницата

Хрватскиот фудбалер, Јосип Брекало се спротистави на правилата на неговиот клуб Волфсбург да носи капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата како знак на толеранција кон сексуалните различности.

Волфсбург од оваа сезона воведе правило капитените во сите категории, од најмлади до сениори и во машка и во женска селекција, да носат лента со боја на виножитото, но талентираниот 20-годишен фудбалер потенцира дека за него е неприфатливо да ја носи.

– Воспитан сум религиозно. Немам ништо против тоа некој поинаку да живее, се додека тоа е само негова работа. Но, овој симбол не сакам и нема да го носам, бидејќи е против моите христијански ставови, истакна Брекало.

Капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата оваа сезона во Волфсбург ќе ја носат Џошуа Гилавоги и голманот Коен Кастелс.

Брекало во Волфсбург дојде пред две години од загребски Динамо за сума од десет милиони евра и претставува голем потенцијал за германскиот клуб. (МИА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top