| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво за тројното убиство во Дебар: Утрото требаше да дојдат на веселба, но не се појавија

Сопружниците Амит и Назмие Поцеста и нивната 14-годишна ќерка Анила ги загубија животите откако тројцата беа застрелани ноќе, додека спиеле во семејната куќа на ул. 1 мај во Дебар.

– Утрото во 9 часот требаше да дојдат на веселба, но не се појавија, а не одговараа ниту на телефонските повици, по што роднини отидоа во нивната куќа која беше заклучена. Тогаш, забележавме дека еден од прозорите е отворен и кога влеговме внатре затекнавме две мртви тела во спалната соба и уште едно во детската соба, изјавува роднина за Охридњуз.

Според сите соседи, тие биле многу мирни луѓе и не знаат кој би можел да стори нешто вакво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top