| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Катастрофалното ниско ниво на капитални инвестиции покажува дека владата не работи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алфа ТВ истакна дека нивото на капиталните инвестиции оваа година е катастрофално, при што ситуацијата во државата станува алармантна.

– Алармантна е ситуацијата, еве денеска излезе бројката со капиталните инвестиции, заклучно со месец јули тие се некаде околу 21,15% што е катастрофалнo ниско ниво и доколку го споредиме во бројки износот на капиталните инвестиции од оваа година која што е некаде околу 74/75 милиони евра со истиот е за 74 милиомни евра е помал отколку истиот кој што беше минатата година, а добро знаете дека минатата година беше година на можеби големи политички предизвици, турбуленции и така натаму. Значи, за некаде околу седумдесетина милиони минатата година, капиталните инвестиции во истиот период беа поголеми од тие што се предвидени и реализирани од оваа година, рече Мицкоски.

На СДСМ, Мицкоски им порача дека прилично е несериозно за една влада после година и половина од владеењето да реализира толку ниско ниво на капитални инвестиции за што се уште бараат алиби од минатото за нивната неспособност.

– Имавте доволно време овие година и пол да креирате проекти кои што ќе прават повратна инвестиција кои што еве, ако порано тие не биле продуктивни, тогаш вие сте имале доволно време за година и половина со сето свое знаење кое што го имате, да креирате проекти кои што ќе бидат продуктивни и истите да стимулираат што поголем износ на капитални инвестиции. Но вие очигледно сте ги преспале овие година и пол, сте се разбудиле и наеднаш ви текнало дека имате катастрофално ниско ниво на капиталните инвестиции и прво што ви паѓа на памет е дека „ќе се вадам на она што беше пред седум години и така натаму“. Прилично несериозно што навистина ги вознемирува пред се бизнисмените во Република Македонија, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top