
Во Драмскиот театар денеска се одржа комеморација за великанот Ванчо Петрушевски, а на неа со солзи во очите говореше и неговиот голем пријател и колега, Гоце Тодоровски .
Актерот потсети на животот и делото на Петрушевски, за одиграните улоги, настапи, награди, за неговата умешност и шарм, зборуваше за неговата пасија-сликарството, за викендицата во Орешани…
– Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност, со виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи и тие стануваат негови обожаватели. Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на ислучителни актери. Во реализацијата на неговите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус со бараната и добра мерка, рече Тодоровски, додавајќи дека со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години.
Вели повеќе бил со Ванчо отколку со самиот себе. Викендичката во Орешани му била омилена и затоа тој веќе нема да стапне таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


