| четврток, 6 декември 2018 |

Талески и Абутовиќ ќе чекаат покани: Соиграч од Рајн Некар Левен ја запроси девојка си на натпревар (видео)

Мадс Менса Ларсен, данскиот репрезентативец и соиграч на македонскиот репрезентативец, Филип Талески и долгогодишниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ, во Рајн Некар Ловен, во втор план ја остави победата на својот клуб во првиот меч од овогодинешната Бундеслига.

Неговиот Рајн Некар победи во неделата 28:21 против Лемго, но тоа не беше ништо изненадувачки, а тоа што следеше потоа, секако беше.

Во директен пренос на Скај Спор, Ларсен ги разнежни гледачите запросувајќи ја својата девојка Линда. Откако натпреварот заврши, тој го зема микрофонот и ја повика својата девојка да се симне на теренот. Клекна пред неа и го стави прстенот на нејзината рака, а тоа беше проследено со овации од 7.000 гледачи во САП Арената.

Судејќи според прегратката која следеше, слободно може да кажеме дека таа кажа „ДА“. На Фејсбук страната на неговиот клуб објавени беа фотографии со зборовите „најважниот момент денеска“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top