Поради лошите временски услови предизвикани од циклонот Бруно, владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч, каде што требаше да учествува на неформалната средба на премиерите од земјите на Западен Балкан, соопшти владината прес-служба.
На состанокот во Драч чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, треба да се расправа за регионалната економска интеграција.
На состанокот се поканети еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти. Своето учество се уште го нема потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ, а бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа посетата на Драч поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а давесеттина се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст