| четврток, 6 декември 2018 |

Музика на увце за Субрата (ФОТО)

Со традиционална македонска храна и музика на увце, индискиот милијардер Субрата Рој вчера уживаше во убавините на  Свети Наум.

Според извори на „Суперрадио“, во ресторанот „Острово“ со него била и познава филмска и музичка ѕвезда од Индија, а за нивно расположение се погрижил ансамблот „Цар Самуил“ со репертоар на староградски песни.

subrata ro jljubanista 2

На Рој му се допаднала храната, а особено музиката, па видно расположен им поделил и бакшиш на музичарите.

За делегацијата на Рој, кој денеска го посети Љубаништа, каде што е предвиден големиот комплекс, вечерва е предвидено крстарење со брод.

Фото: Охрид прес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top