| четврток, 6 декември 2018 |

Поплава во Драчево: Филип, ако не дојдеш да видиш што ти се случува во општината, ќе ти дојдам во бараката (ФОТО)

Дел од жителите на Драчево не можат да излезат од своите домови поради поплавени улици како последица на врнежите кои во текот на ноќта ја зафатија државата. Најкритична е состојбата на улицата Речиште.

-Село и Населба Драчево во моментов.  Нашите сограѓани не можат да излезат од своите домови. Лагите и неспособноста на СДСМ излегуваат на површина. Полека но сигурно стануваме најзабаталена општина во Македонија, напиша на својот ФБ профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.


Дождот кој утринава врнеше во Скопје направи големи проблеми во населбата Драчево, каде според фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи, може да се види една улица која е целосно поплавена.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали треба да пливаат за да пристигнат на работа и да ја започнат работната недела. Во објавите тие бараат реакција од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, порачувајќи му дека не е прв пат да биде ваква состојбата на оваа улица, а решавање на проблемот од страна на општината се уште нема.
-Филип, доколку не дојдеш денеска да видиш што ти се случува во општината, ќе дојдам јас во твојата барака, пишува во една од објавите на Фејсбук.
Засега, градоначалникот на Кисела Вода спроведува партиска агенда и го промовира Сугарески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top