| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Атанасов бега во Образование од гласањето за референдумот?

Македонската информативна агенција вчера објави дека пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август, а на истата седница се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

На местото на Атанасов во собраниските клупи треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1.

Ваквата кадровска смена која доаѓа во предвечерието на референдумот за промена  на уставното име на Република Македонија отвора сомнеж дека дел од пратеничката група на Заев не се согласува со неговите политики и одбива да биде соучесник во самоукинувањето. Дали пратеници, како Петар Атанасов, откажуваат послушност да гласаат за катастрофалниот договор од Преспа, па Заев мора да им вети функции за да молчат, но и за да ослободат место во Парламентот за на нивно место да дојдат анонимни партиски војници од избирачките листи?

Избирачките листи се составуваат така што првите позиции се резервирани за видни партиски членови, истакнати во својата работа, кои уживаат голема доверба кај гласачкото тело.

Она што уште повеќе ги подгрева ваквите сомнежи е фактот дека пратеникот Петар Атанасов добил понуда од премиерот Зоран Заев да биде нов заменик-министер за образование и наука уште во мај годинава.

Овие анонимуси, како Снежана Калеска Ванчева, адвокат од Скопје, која ќе дојде на местото на Петар Атанасов, од листата на СДСМ во Изборната единица 1, имаат задача молчешкум да ги истуркаат катастрофалните политики на Заев и СДСМ.

Проф. д-р Петар Атанасов е актуелен претседател на комисијата за образование, наука и спорт во Собранието, а членува и во осум други комисии од различни области. Атанасов ќе му биде заменик на Арбер Адеми, кој дојде на местото на Рената Дескоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top