Обвинетите за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството: Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.
Обвинетиот Горанче Ангеловски, на денешното рочиште одби да даде воведен говор и не го прифати бранителот, што судот му го именува по службена должност, откако неговиот адвокат во петокот му ја откажа адвокатската услуга.
Од него се бараше да достави полномошно за неговиот, иако Ангелов во сабота и недела беше во притвор каде што за време на викенд не се дозволени никакви посети и контакти дури и за доделување полномошно за застапување. Технички тој не бил во можност да даде полномошно а судот го знае тоа многу добро.
И покрај тоа судот не го прекина рочиштето туку инсистираше судењето да продолжи со службено доделениот адвокат кој Ангелов не го прифаќа со што е направена груба грешка на судот.
Претседател на судечки совет е Добрила Кацарска. Обвинителка е Вилма Рускоска.
Ова е четврто рочиште од почеток на судењето. Претходните три расправи траеја повеќе од шест часа. Во судницата беа присутни сите 33 обвинети, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две за помагање.
Судскиот процес започна минатата недела со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на обвинетите.
Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, а одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст