| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата го откри идентитетот на напаѓачот во Џексонвил – 24-годишен гејмер

Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач во масовното пукање во Џексонвил, Флорида во кое најмалку три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот, а уште 9 се повредени.

Од канцеларијата на шерифот во Џексонвил, е соопштено дека се верува дека 24-годишниот Дејвид Кац од Балтимор отворил оган на турнирот во компјутерски игри во Џексонвил, Флорида, а потоа си го одзел животот. Полицијата соопшти дека, најверојатно, користел еден пиштол во нападот. Сé уште не знаат каде престојувал за време на турнирот, но најверојатно е во хотелот.

Пукањето се случило во Џексонвил лендинг, трговски центар во центарот на градот со ресторани и продавници. Турнирот се одржувал во гејм барот ГЛХФ (акроним за „Good luck have fun“) во пица ресторанот Чикаго, каде што се играла видео играта Маден НФЛ 2019 година, симулација на американскиот фудбал, а се верува дека Кац учествувал на турнирот.

Шерифот Мајк Вилијамс на првата прес-конференција изјави дека во моментот нема друго осомничено лице.

Досега се идентификувани две жртви, Тејлор Робертсон (27) од Балард и Ели Клејтон (22) од Вудланд Хилс. Од локалната болница е потврдено дека примиле седум повредени, од кои тројца имале повеќе прострелни рани, додека две лица се во доста сериозна состојба. Уште двајца повредени сами отишле во болница.

Турнирот се емитувал во живо, кога одекнале неколкуте истрели. На снимката се слуша како играчите реагираат на снимката и се слуша крик пред видеота да е прекинато. Организаторот на турнирот Маден НФЛ на Твитер напиша: „Тоа е ужасна ситуација, го изразуваме нашето најискрено сочувство до сите засегнати.“

Масакрот на Флорида емитуван во директен пренос: Се слуша пукање, крици, а потоа се губи сликата (ВИДЕО)

 

Многу играчи напишаа дека се живи и здрави, иако многу преплашени.

Полицијата трага по мотивот за третата масовна престрелка во Флорида во последниве две години.

Очевидци за локалните медиуми изјавија дека Кац бил лут затоа што изгубил на натпреварот. Засега не е познато дали ги познавал жртвите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top