Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува до крајот на месецов Градот да аплицира во Регулаторната комисија за енергетика за добивање лиценца за вршење дејност за новото градско претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија.
– Ние есенва ќе почнеме со гасификација на Скопје. Она што барам јас, Град Скопје да управува со топловодната мрежа, е всушност среднорочна мерка во борбата против загадувањето. Претпријатието е основано, формиран е Управниот одбор и веќе полека ги работиме техничките подготовки. Јас очекувам до крајот на овој месец пред Регулаторната комисија да аплицираме за добивање на лиценца за вршење дејност, изјави Шилегов за МИА.
Тој нагласи дека една од причините која го натерала да размислува и да оформи претпријатие кое ќе се бави со енергетскиот систем на Град Скопје е загадувањето на околината. Со формирањето на претпријатието, додаде, ќе се создаде тарифен модел соодветен на потребите на граѓаните и целокупниот систем ќе биде поврзан што не е случај сега.
– Северниот дел од Град Скопје, односно Топланата Север недостига само два километри цевковод за да се спои со останатата топловодна мрежа од нашиот град. Ако ги споите Вие тогаш имате пазар на енергија и услугите што ќе ги добиваат луѓето за затоплување на станови во Скопје-Север, во Топаана би биле многу поевтини. Во моментов се за 40 отсто поскапи зошто Топлана Север е изолиран остров и имате само 760 корисници на услугите на таа компанија зашто е поскапа од останитите во градот, вели Шилегов.
Ако го направиме поевтино парното греење, додава, корисниците ќе го напуштат системот на затоплување на домовите со дрва, со ќумур или со струја што во Македонија за жал е исто така валкана технологија, бидејќи електричната енергија претежно се произведува од јаглен што ја загадува околината.
– Тоа е една од причините што мене ме натера да размислувам и да оформам претпријатие кое ќе се бави со енергетскиот систем на Град Скопје, потенцира Шилегов.
Советот на град Скопје во јуни 2018 година донесе две одлуки со кои формира ново јавно претпријатие – „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ (ГЕС) кое ќе врши енергетски дејности. Советот на Град Скопје во својство на Собрание на акционери го усвои Статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат Управен одбор од пет члена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст