Албанскиот премиер Еди Рама денес во Драч ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите од земјите на Западен Балкан, а на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
На состанокот ќе присуствуваат македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на Европската банка за обнова и развој ЕБОР. Своето учество се уште го нема потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ.
Во соопштението од кабинетот на премиерот Рама, се наведува дека тема на средбата ќе биде заедничката визија за стратегијата за интеграција во Европската унија, зајакнувањето на регионалната економска зона, договорот за роаминг и започнување на разговори за реципрочно признавање на академските и професионалните квалификации.
Состанокот ќе се одржи во владината вила во Драч, а планирано е да започне во 10 часот, додека на пладне ќе има заедничка прес- конференција на премиерите и Хан.
Според албанските медиуми, овој состанок се одржува во време кога меѓу Косово и Србија е почната „жешката фаза“ онаа, како што се наведува, за корекција на границите, која треба да заврши со признавање на независноста на Косово од страна на Србија.
Првиот неформален состанок премиерите од Западен Балкан го имаа лани на 26 август исто така во Драч. На него, освен еврокомесарот Хан присуствуваше и потпретседателот на Светската банка за Европа и Азија Сирил Милер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст