Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да присуствува на погребот на републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој почина вчера, пишува весникот Њујорк тајмс.
Според весникот, кој цитира запознаени извори од Републиканската партија, поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот и Барак Обама изразиле желба да присуствуваат на погребот на Мекејн.
Според прелиминарниот план, администрацијата на Трамп се очекува да биде претставена на погребната церемонија од страна на потпретседателот Мајк Пенс.
Њујорк тајмс претходно соопшти дека Мекејн ќе биде погребан во градот Анаполис, Мериленд, но засега не е дефинитивно кога.
Ветеранот на американската политика ќе добие државни почести: ковчегот со неговото тело ќе биде поставен за поклонение во централната ротонда во Капитол, а меморијалната служба ќе се одржи во катедралата на Вашингтон. Потоа, до погребот ковчегот ќе биде поставен во зградата на законодавното собрание на Аризона – државата, кој Мекејн ја претставуваше во Конгресот 35 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст