| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Полицијата не го убила Ханикат

Американскиот кошаркар Тајлер Ханикат не бил убиен за време на престрелката со полицјата на ЛА, туку бил мртов пред полицајците да влезат во неговата куќа во Калифорнија

Обдукцијата го потврдила полицискиот извештај, со заклучок дека Ханикат се убил пред доаѓањето на органите на редот и на мирот во ЛА, отако си пукал себеси во главата.
Во меѓувреме, мајката на несреќниот кошаркар изјави дека нејзиниот 27.годишен син во последно време се однесувал чудно, а тврдеше дека бил убиен од страна на полицијата. Меѓутоа полицијата во Лос Анџелес веднаш соопшти дека Ханикат извршил самоубиство и дека е пронајден мртов. Медиумите прво информираа дека доскорешниот кошаркар на рускиот Химки страдал во судирот со полицијата откако поради психолошки проблеми се затворил во својата куќа.
Ханикат имаше добра европска кариера која ја подели со играње во андолу Ефес, израелскиот Ирони, секако и Химки, додека во оној НБА сегмент, беше дел од Сакраменто Кингс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top