| четврток, 6 декември 2018 |

Поп освети спортска обложувачница (ВИДЕО)

Неверојатен видео материјал доаѓа од Албанија, каде во еден објект за обложување пред некој ден се појавил – поп!

Велат, Корча, градот на југоисток на Албанија, такво нешто не памети…

Обложувачите мирно си ги пополнуваа своите тикети, кога во просторијата влезе човек во црно и почна да ги прска со „света вода“.

Присутните дури држеа и свеќи кои им ги подели попот, иако не им беше баш најјасно за што всушност станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top