| четврток, 6 декември 2018 |

Матичните лекари разочарани оти не се опфатени со покачувањето на платите од 5%

Матичните лекари се разочарани бидејќи не се опфатени со најавеното покачување на платата на здравствените работници. Од ЗПЛРМ велат за Сител дека вакви парцијални решенија доведуваат до огромно незадоволство кај матичните кои се столбот на системот.  Апелираат трендот на покачување да се примени и во ПЗУ кои имаат договори со фондот за здравство. Бараат да знаат што ќе биде со нив, а буџетот за наредната година се планирал во септември.

– И ние сакаме сега да знаеме што планира оваа Влада за 2019 година. Нашите 5 годишни договори истекуваат на нова година и бараме 10 годишни договори, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

 

Целиот тескт на ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top