| четврток, 6 декември 2018 |

Села повторно му се нуди на Заев

Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците, по денешното завршување на централното собрание на партијата, изјави дека ќе го повикаат своето членство позитивно да одговорат на референдумот за промена на името и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Доколку им одговара оваа наша агенда да говориме за досегашното сработено на Владата и албанските партнери, тогаш можеме да седнеме на заедничка маса за спроведување на кампањата. Но доколку не се согласат на тоа, кампањата ќе ја водиме одделно“, истакна Села.

Оваа партија има забелешки на договорот со Грција и е незадоволна од нејзиното исклучување од преговорите за промена на името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top