| четврток, 6 декември 2018 |

ФК Дебарца го извиси градоначалникот: Сам го искосил стадионот, па ги прозвал на Фејсбук (ФОТО)

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, на својот Фејсбук профил објави фотографија за денешната акција за средување на игралиштето на локалниот клуб. Еве што напиша тој:
„Со дечките од Клубот бевме се договориле попладнево да го досредиме игралиштето за утрешниот натпревар со ФК Црно Буки. За жал, во договореното време никој не дојде.

Сам ја средив работата со тримерот. Не жалам за изгубеното време, за нешто повеќе од час и половина.

Напротив, тоа ми помогна драстично да си намалам адреналинот и негативната енергија.

За однесувањето на дечките не би сакал да коментирам. Мислам дека одите по погрешен пат. Вратете се назад.

А јас, ќе продолжам да го поддржувам спортот. И ќе бидам упорен во тоа.

Само спортот може да изгради здрави индивидуи„.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top