При посета на селата Неготино и Добридол, во општината Врапчиште, министерот за животна средна и просторно планирање Садула Дураки одбил да даде изјава и информации на македонски јазик.
Дураки дал изјава на албански јазик, а кога присутните новинари побарале изјава на македонски им порача преводот да го земат од колегите новинари Албанци, пренесуваНова Македонија.
Инаку, според поканата од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот заедно со градоначалникот на општината Врапчиште, Исен Шабани, требало да го одбележи почнувањето на градежните работи на канализациска мрежа за Добридол и да изврши увид во изградбата на водовод во Неготино.
– За проектот за канализација, кој изнесува 12 милиони денари, Министерството ќе ни даде шест милиони, како и за водоводот во Неготино, каде што требаат 17 милиони денари. Владата преку Министерството ќе помогне со 5 милиони денари – изјавил градоначалникот Исен Шабани.
Дураки за медиумите на албански јазик изјавил дека помошта што им ја давало Министерството на општините не била доволна и дека во иднина ќе се издвојуваат повеќе средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


