| четврток, 6 декември 2018 |

На Деве Баир уапсен многу сомнителен патник

Турчин од Германија, која патувал со возило со германски таблички, но го управувал со шпанска возачка дозвола бил уапсен на граничниот премин „Деве Баир“, бидејќи било утврдено дека ја фалсификувал возачката дозвола издадена во Шпанија.

Во саботата рано наутро, околу 8.30 часот при контрола на C.M. (34) од Германија, носител на турска патна исправа, кој управувал патничко моторно возило „Ауди Q5“ со германска национална ознака, утврдено било дека возачката дозвола издадена во Р.Шпанија е фалсификувана. Лицето е лишено од слобода и предаден во Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top