| четврток, 6 декември 2018 |

Судир меѓу два камиони и „пасат“: Иселеници го извлекле подебелиот крај, а повредени се и возачите

Триесетгодишен кичевец, 50-годишен битолчанец и двајца Македонци од Австралија учествувале во сообраќајна незгода кај демирхисарското село Железец. Подебелиот крај го извлекле сопатниците во пасатот.

Во билтенот на дневни настани на МВР е забележано дека во саботата околу 14 часот било пријавено дека се случила сообраќана незгода во која учествувале товарно моторно возило „Ман“ и полуприколка сопственост на фирма, а управувано од Д.Д.(30) од Кичево, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.Х.(50) од Битола и паркирано товарно моторно возило „Мерцедес“ со битолски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата сопатници во патничкото возило Ј.К.(61) и Д.К.(58) двајцата од Македонија но со живеалиште во Австралија. Со телесни повреди се здобиле Д.Д. и З.Х.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top