| четврток, 6 декември 2018 |

Заев не ги убеди лозарите дека грозјето не е на „татко му“, од утре блокади

Лозарите и покрај средбата со премиерот Зоран Заев најавуваат нови протести иако ќе чекаат до понеделник кога би требало да се знае минималната откупна цена.

Заев истакна дека државата не може директно да интервенира во цените бидејќи така може да се наруши пазарниот принцип.

Здружението „Вина од Македонија“ соопшти дека доколку ваквите закани се остварат тие ќе значат стопирање на годинешниот откуп на грозје, што, според нив, ќе нанесе непоправлива штета на домашната винска индустрија, но и на лозарството.

Крајниот ефект од притисоците и заканите кон винарниците за зголемување на цените за откупеното грозје, кои се повторуваат скоро секоја година и се далеку од каква било пазарна логика, доведува до нивно финанско исцрпување и пропаѓање. Ваквата ситуација ќе значи дефинитивен крај на целокупната домашна винска индустрија и на лозарството затоа што без домашни винарници кои можат да ја издржат жестоката конкуренција на светскиот вински пазар, ќе нема кој воопшто да го откупува грозјето, се вели во соопштението.

Моменталната миниминална цена на овие две сорти е 11 денари за смедеревката, а 13 за вранецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top