| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов испрати писмo со сочувство за смртта на актерот Петрушевски

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод смртта на актерот Ванчо Петрушевски, упати писма со сочуство до семејството Петрушевски и до Драмскиот театар во Скопје.

– Со прераното заминување на Ванчо Петрушевски загубивме голем актер и прекрасен човек. Ќе останат во сеќавањата неговите остварувања на театарската сцена, како и бројните ангажмани во филмски, телевизиски и радио проекти. Со својот раскошен актерски талент остави неизбришлив печат во еден од најпопуларните телевизиски проекти, Македонските народни приказни и во култната радио емисија Хихириху – наведува во писмата со сочувство претседателот Иванов.

Натаму, во сочувството до семејството и до Драмскиот театар, тој истакнува оти Петрушевски беше сестран уметник кому актерството му беше многу повеќе од професија, и како таков секогаш ќе биде пример за професионалност и посветеност. – Нека почива во мир, се вели во сочуството од претседателот Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top