| четврток, 6 декември 2018 |

Папата се срами од прикривањето на одвратните злосторства

Папата Френсиско кој денеска е во посета на Ирска, рече дека се срами од неуспехот на католичката црква да ги разоткрие и спречи одвратните злосторства, што ги извршило свештенството над децата. Ирскиот премиер му порача да преземе акција против свештенството кое е вклучено во злоупотребата на деца и чувањето во тајност на злосторствата.

Папата се очекува да се сретне со жртвите на сексуална злоупотреба.

Папската посета, прва во Ирската Република во последните 39 години, а се совпаѓа со Светскиот состанок на семејствата.

Тоа е глобален католички собир кој се одржува на секои три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top