| четврток, 6 декември 2018 |

Кики предизвикот на двајца Индијци во кал е единствениот кој навистина треба да го погледнете (Видео)

Кики предизвикот кој изминативе месеци го побудали интернетот неодамна го доби победникот, поточно двајца победници.

„Опасната“ точка која се изведува на песната “In my feelings” двајца фармери од Индија ја кренаа на повисоко ниво.

Сигурно на Инстаграм сте виделе илјадници луѓе кои на песната на Дрејк танцуваат покрај автомобил во движење. Овој предизвик е толку опасен што во многу земји е забранет, поради тоа што го сметаат опасен по живот.

Меѓутоа, за Анил и Пилиј од Индија тоа е нешто сосема поинакви. Тие двајца го прифатиле предизвикот без однапред смислена кореографија, среде калливо поле со ориз – додека наместо автомобил „возат„ волови.

-Во нашето село вака се игра одамна, снимката настанала во момент на занес“, кажал Анил за НПР. Инаку ова била првата песна на англиски која ја слушнал во животот.

Нивната снимка станала глобално вирална откако домаќинот на шоуто “The Daily Show” Тревор Ноа на социјалните мрежи ја постави изведбата на Кики предизвикот во нивна верзија. Од тогаш луѓето не запираат да ги гледаат и да и се смеат на оригиналната идеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top