Обвинетиот за крвавиот четврток, Игор Југ, во воведниот говор пред судот поставуваше прашања за неговата улога, за која го товари обвинителството.
,,Кој нормален налогодавач, покрај илјадници воени и полициски специјалци од 20 или 30 години, ќе најми за убиец 47-годишен ветеринарен техничар, дијабетичар, со притисок 200 со 100”, праша Југ.
,,Која земја би ме заштитила како убиец на премиер”, запраша обвинетиот и додаде дека 5 месеци по настанот бил уапсен во неговиот дом. По настанот, како што кажа, го проширил и семејството. ,,Како татко, за какви пари би го напуштил семејството?”, запраша Југ.
Обвинетиот рече дека немало потреба да го пробива кордонот полиција, зашто таков кордон немало. ,,Земјава, која ја сакам како Хрватска ме прогласи за теророст”, истакна Југ.
Судот заседаваше од 10 часот наутро до 18.40 часот со 2 паузи. На следното рочиште ќе биде произјаснувањето за вина.
извор: макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.