Во летувалиштето Хургада на Црвеното море во Египет, двајца британски туристи починале, а поради нивната смрт од хотелот евакуирани се 300 туристи.
Починале 69-годишниот Џон Купер и неговата 63-годишна сопруга Сузан, кои престојувале во хотелот Стајгенбергер Аква Меџик на Црвеното море.
Претставници од хотелот тврдат дека Џон имал проблеми со срцето, но неговата ќерка смета дека умреле под неразјаснети околности, и дека биле здрави и витки.
„Тато никогаш не беше во болница и не беше болен: Умре во хотелската соба пред моите очи. Кога отидов со мама во болница, почина и таа”- раскажала ќерката.
Таа ја пофалила поддршката која ја добила од туристичката компанија која соопштила дека има информација дека и други гости во хотелот се болни.
Поради тоа таа компанија одлучила да евакуира 301 свој гостин и им пронашла алтернативно сместување.
Директорот на корпоративните комуникации на партнерските компании на споменатиот хотел, Свен Хиршлер, вели дека немало забележан невообичаен раст на заболувања меѓу 1.600 гости, кои моментално престојуваат во хотелот.
Купер се жалел на висок притисок вечерта кога починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст