Не би можел да се погледнам во огледало ако тој ден не се приклучев на масата од илјадници бранители на уставниот поредок на Република Македонија, му рекол обвинетиот Игор Југ на неговиот адвокат Сашо Јанев на неговото прашање што барал на 27 април во Собранието. Ова адвокатот Јанев го кажа во воведните зборови, велејќи дека неговиот клиент не презел терористички дејствија и не го загрозил уставниот поредок на државата како што стои во обвинението за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.
На почетокот на судењето на 22 август, образложувајќи го обвинението обвинителката Вилма Русковска во воведното обраќање кажа дека Игор Југ имал задача да го ликвидира Зоран Зоран.
Адвокатот Јанев цитирајќи го Југ рече: Кога го прашав мојот браненик што бараше во Собрание и со која немера беше таму ми одговори: Протестирав секој ден 65 дена. Влеговме со намера да спречиме пуч, да спречиме неуставен избор на претседател на Собрание. Влегов зошто се пееше химна на странска држава во законадавниот дом, со намера да го спречиме тоа и да го одбраниме Уставот и достоинството на државата. Срамота е маж од 120 килограми кој себеси се смета за патриот да стои и да гледа како баби и дедовци од 70 години влегуваат да го одбранат Уставот на државата!
Јанев рече дека обвинението оти Југ во прес-центарот се насочил кон Зоран Заев, посегнал по пиштолот но не испукал оти Заев бил заштитен од неговото обезбедување и од пратениците, се празни зборови и го праша судскиот совет дали пред себе гледа терористи.
-Кога ќе го чујам зборот терористи во медиумите па и во судница, ми доаѓа да се развикам на тие несреќници. Дали овие луѓе се терористи?- рече Јанев.
Судењето продолжува со воведните зборови на бранителите на 33-та обвинети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.