| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски е уметник, а не криминалец, рече адвокатот на обвинетиот режисер

Адвокатот на обвинетиот режисер Борис Дамовски, Рубин Двојаков, рече дека обвинението за крвавиот четврток не кореспондира со фактичката состојба. Во обвинението, според адокатот, има само едно дејствие и тоа е дека држел говор со наратив за татковината.

„Токму тоа дејствие е повеќе од доволна основа да биде обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече адвокатот.

Дамовски, како што посочи Двојаков, имал креативен и творечки опус: „Тој како личност и’ припаѓа на уметничката, а не на криминогената фела“.

Адвокатот рече дека очекува фер судење и ослободителна пресуда. Во кривичниот суд продолжува изнесувањето на воведните зборови на адвокатите на обвинетите за насилствата од 27 април 2017 година во македонското Собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top