Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери откри дека му биле потребни само 15 минути за да го реши прашањето со иднината на англискиот фудбалер, Џек Вилшир. Летово, 26-годишниот фудбалер го напушти матичниот Арсенал и премина во Вест Хем како слободен агент.
Вилшир веќе раскажа дека клучна за неговата одлука била средба со новиот тренер на „топџиите“, а Емери сега објасни зошто дијалогот со играчот поминал брзо и лесно.
– Пред да замине, јас разговаравв со него 15 минути. Прво, сакав да ја искажам мојата почит за неговата кариера тука. А потоа, тој треба да постапи така, како што ќе биде најдобро за неговата иднина, рече Емери.
Арсенал утре го пречекува Вест Хем и нема никакви пречки Вилшир првпат да се соочи со својот поранешен клуб.
– Знам дека нашите поддржувачи го сакаат и почитуваат. Мислам дека ќе го пречекаат добро. Нашиот разговор беше прилично јасен. За мене беше важно да разбере едно нешто – тука главна улога во развојот на проектот ќе имам јас. Веројатно тој немаше да има главна улога на теренот во секој натпревар. Ситуацијата со конкуренцијата би донела компликации за него. Нашиот разговор беше за тоа. Му посакувам се најдобро во Вест Хем, но не в сабота, заклучи тренерот.
Во првите два натпревара на чело на Арсенал, Емери забележа два пораза – од Манчестер Сити и од Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст