50 години ќе наполни во јануари следната година седумкратниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер а во јавноста нема многу официјални информации за неговата состојба по несреќата при скијање во францускиот центар Мерибел, по што беше со месеци во кома, од која тој се разбуди во јуни 2014 година и од Гренобл е префрлен во Лозана.
Сите информации што се појавуваат во медиумите семејството ги демантира а она што е последно поврзано со Шумахер е дека се огласил близок роднина на еден од најдобрите пилоти во историјата на спортот, кој открива нови детали.
Францускиот „Париз меч“ објави интервју со неименуван член на семејството Шумахер, кој потврдил дека легендарниот возачот не може да оди.
– Тој е свесен за сè. Кога во инвалидска количка ќе го одведат до прозорецот и кога ќе ја види убавата панорама што го опкружува, Михаел постојано плаче, изјавил наводен братучед на поранешниот пилот на Ферари за францускиот медиум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст