| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца британски туристи починале во Хургада под нејасни околности, евакуиран целиот хотел

Британската туристичка компанија „Томас Кук“ објави дека евакуирала 301 турист од хотел во Хургада, Египет, откако двајца туристи починале под сè уште нејасни околности. Џон Купер (69) и неговата сопруга Сузан (63), која во Британија работела за оваа компанија, во вторникот биле пронајдени мртви во хотелот „Steigenberger Aqua Magic“ на Црвеното Море.

Компанијата објави дека добила информации за здравствената состојба на починатите, но не соопшти детали.

– Безбедноста е наш прв приоритет, па решивме да ги тргнеме сите гости од хотелот, велат од компанијата.

На туристите ќе им биде понудено алтернативно сместување или, доколку побараат, ќе можат да се вратат назад во Британија. Компанијата соопшти дека хотелот последен пат бил прегледан кон крајот на јули годинава и добил рејтинг 96 од 100 отсто

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top