| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: Пожарoт се шири, детонации се слушаат

Шумскиот пожар, кој избувна југозападно од Берлин и поради кој се евакуирани три села, се прошири на површина од околу два квадратни километри.

Повеќе од 500 луѓе се евакуирани од регионот Тројенбрицен, педесет километри од Берлин.

Пожарите се во близина на местото каде се наоѓаат многу неексплодирани бомби од Втората светска војна.

– Муницијата е многу опасна, бидејќи не смееме да газиме низ теренот, па затоа не можеме ниту да пријдеме до пожарот за да го изгасиме, велие гувернерот на Бранденбург Дитмар Виодке.

Неколку детонации веќе се слушнале од шумата, а на пожарникарите се уште не им е дозволен пристап до областа. Во моментов напорите за гасење се сведени на гасење од хеликоптери и водени топови.

Повеќе од 300 пожарникари се на терен. Пожарите избувнаа вчера попладне и наскоро станаа закана за три села во Бранденбург близу Берлин, а 540 луѓе од Фронсдорф, Клаусдорф и Тифенбунен беа евакуирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top