| четврток, 6 декември 2018 |

Непознато лицe и понудило превoз: Четиринаесет годишно девојче од Скопје силувано кај Струга

Синоќа околу  23 часот во Полициската станица Струга, 14-годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми, кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, пријавило дека истиот ден околу 16.00 часот непознато лице извршило полови дејствија над неа.

Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга. Таму било пресретнато од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе.

По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top