| четврток, 6 декември 2018 |

Холандска пратеничка изврши самоубиство, одкако била силувана од мигранти

Нова мигрантска афера ја тресе Холандија, а во центарот е поранешата пратеничка на Градското собрание во Хаг, Вили Дил, која изврши самоубиство откако објави дека е силувана од мигранти.

Нејзината објава на социјалните мрежи беше брзо отстранета, а полицијата призна дека била информирана за силувањето, но пратеничката не ги пријавила сторителите. Откако Дил наскоро беше пронајдена мртва, тоа предизвика жестока реакција на дел од јавноста и сомневање во работата на холандските власти и полицијата.

Два дена пред да се убие, Дил емитуваше видео во кое изјавува дека била силувана од мигранти, и дека случајот бил заташкан од страна на полицијата и владејачката партија. Набргу по реагирањето, видеото беше избришано и настанот се прикрива, велат порталите.

Вили Дил беше членка на Партијата на слободата и се залагаше за спречување на илегалната миграција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top