| четврток, 6 декември 2018 |

Тевдовски: Средствата одвоени за референдумот се од резервни функции на државата

Средствата одвоени за референдумот од 80 милиони денари се од резервни функции на државата и тоа нема да предизвика ребаланс на Буџетот.

Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета во Велес.

– Точно ќе бидат обезбедени 80 милиони денари, а апсолутно нивната големина не би предизвикала ребаланс на Буџетот. Тоа е доделено како план за трошење од резервните функции на државата, изјави Тевдовски.

За тоа како ќе се трошат средствата појасни дека Собранието е овластен предлагач и според законот тоа има право да ги користи овие средства.

– Сега е работа на Собранието и според законот тоа има право да ги користи овие средства. Мислам дека има повик до сите пратенички групи да искажат потреба и дали ќе бидат вклучени во кампањата, но тоа е работа пред се на Собранието. Ние обезбедивме средства од овластениот предлагач од Буџетот на Р. Македонија, истакна Тевдовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top