Неодамна починатата кралица на соул музиката, Арета Френклин, не оставила тестамент
за своето богатство, кое се проценува на 80 милиони долари. Според медиумите, тоа ќе остане во наследство на нејзините четири сина, но кругот на наследници лесно би можел да се зголеми откако и други подалечни роднини пројавиле интерес да земат дел од колачот.
Нејзиното богатство, според законите во Мичиген, рамномерно треба да го поделат нејзините синови. Со оглед на тоа што нема тестамент, вредноста на имотот може да стане јавна и да резултира со долготрајна правна битка, во која право на наследството ќе добијат и членови на поширокото семејство.
Внуката на Арета Френклин, Сабрина Овенс, веќе побара да биде именувана за личен застапник за имотот.
Френклин ќе биде погребана во својот роден град Детроит на 31 август. Погребот ќе биде затворен за јавноста. Ќе присуствуваат само членови на семејството и пријатели на „кралицата на соулот“. Френклин ќе биде погребана покрај својот татко, сестри и брат.
Славната пејачка почина на 16 август во својот дом во Детроит од рак на панкреас. Имаше 76 години.Во 2010 години таа дозна дека боледува од рак, а минатата година сосема се повлече од музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст