| четврток, 6 декември 2018 |

Криумчареле дрога: Откриен таен тунел под границата на Аризона со Мексико (Видео)

Граничната полиција на Аризона откри таен тунел за криумчарење дрога, направен под границата со Мексико.

Тунелот води од Сан Луис на југот на Ариозна преку границата до Сан Луси Рио Колроад. Длабок е 6,7 метри, висок 1,5 метри, а долг е 183 метри. Полицијата го откри тунелот откако го уапси сопственикот на стариот ресторан под кој е направен тунелот.

Во камион во негова сопственост се пронајдени 18 кг метамфетамин, 6 грама кокаин, 3 кг фентанил, 13 кг бел хероин и 6 кг кафеав хероин. Дрогата била пронајдена во камион, а нејзината улична вредност е поголема од 1,1 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top