| четврток, 6 декември 2018 |

Чаир: Скопјанка вчера нашла залутан куршум во својот автомобил

Вчера околу 14 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.К. од Скопје пријавила дека на ул.„Павле Илиќ“, општина Чаир забележала дупка на предното стакло од патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и еден куршум кој бил заглавен во шал-таблата.

При падот на зрното, во возилото немало никој. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top