| четврток, 6 декември 2018 |

Починат кумановец пронајден кај бензиска пумпа во Центар

Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен на бензинска пумпа на ул. „Кеј Димитар Влахов“ пријавил дека на бензинската пумпа дошло непознато женско лице и пријавило дека во близина на пумпата имало починато лице.

По преземени мерки било утврдено дека починатото лице е Р.Л. (40) од Куманово. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top