Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека Владата има помош од Стејт департментот на САД во борба против сајбер напади и ширење лажни вести.
-Можам само кратко да кажам дека имаме одлична соработка со Стејт департментот во многу области кои вклучуваат и јакнење на административните капацитети на нашата влада и министерства вклучувајќи го и ова прашање – рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање дали во средбите во Стејт департментот во текот на посетата на Вашингтон добил техничка или практична помош од македонската влада да се избори со сајбер нападите и да спречи поткупување на договорот со Грција и опструкција на претстојниот референдум за името.
Димитров рече дека ланите вести во предреферендумскиот период се оркестрирани.
-Не знам дали доаѓаат од еден центар, меѓутоа, често имаат пораки кои таргетираат ранливи места. Таргетираат меѓуетнички односи и ја разгоруваат омразата. Мораме да се соочиме со таа реалност и да работиме секој ден на спречување на тој предизвик, кажа министерот.
„Република“ вчера објави политички центри на моќ вршат притисок врз порталот. Нашите информации се дека станува збор за сериозен политички притисок од власта врз Република за намалување на влијанието врз јавното мислење во пресрет на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија.
Притисокот врз Република кулминира – власта ги контролира медиумите и на Фејсбук
Во меѓувреме, постојано се предупредува дека се бришат коментари и профили на лица кои повикуваат на #бојкот на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија, а се бришат и Фејсбук страници на критичките медиуми кои се коректори на политиките на алтуелната власт.
На 30 септември во Република Македонија ќе се одржи референдум за промена на уставното име на државата и бришење на идентитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст