Дали ќе згасне најголемата поетска манифестација во Македонија, министерството за култура одвоила мизерна сума на пари за Струшките вечери на поезијата. На најголемата поетска манифестација во Македонија и пошироко, Струшките вечери на поезијата, чија награда Златниот венец е една од најпрестижните награди кои се доделуваат од областа на литературата и се заканува згаснување, поради финансиски проблеми предизвикани од негрижата на министерството за култура.
Поранешниот директор на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“ – Славе Ѓорго Димоски вели дека годинава министерството за култура скратила неверојатна 1/3 од буџетот на фестивалот. Тој истакна дека биле направени огромни напори за да не се наруши нивото на фестивалот, но сепак постои опасност фестивалот да остане во долгови.
– Оваа година за жал министерството скрати 1/3 од фестивалот.Напорите што ги направи дирекцијата и фестивалот беа огромни за да не се наруши нивото на фестивалот.Можеби ќе остане и во некои долгови натака,на тоа не се надевам, но тоа е еден преседан во однос на државата и односот кон нашите културни манифестации пред се оваа манифестација која е еден најголем бренд македонски.
Славе Ѓорго Димоски нагласува дека Струшките вечери овозможуваат македоскиот јазик да се слушне на сите континенти, а македонската поетска мисла се рамни со најголемите поетски култури во светот. Според него нити една влада не смее да дозволи да згасне или да биде засенат поетскиот фестивал кој според својот континуитет е најстар во светот.
Да се потсетиме на скандалозната програма на Министерството за култура во која неверојатни 3,2 милиони денари добија сопружниците Бурханедин Сали и Надире Исмаили Сали, кои се појавуваат како овластени лица во две здруженија, “Звуците на Каршaика” и “Иновацион”. Додека милиони од годишната програма на Министерството за култура беа сомнително доделувани, власта ја занемари една од најважните културни манифестации во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст