Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе вработи 19 административци или вкупно 44 лица се вработија во Град Скопје откако Шилегов седна во градоначалничката фотелја.
Меѓу 19 нови вработувања две се во секторот за поддршка на градоначалникот, помлад соработник за односи со јавности и помлад соработник за организација на активностите на градоначалникот. Се вработува и помошник раководител на сектор за образование, виш соработник за техничка документација, помлад соработник за административни работи, раководител и помошник раководител на сектор инспекторат.
Со годишниот план за вработување, кој се најде на усвојување пред градските советници на седницата вчера, вкупниот број на нови вработувања годинава ќе изнесува 94 лица, од кои 44 во администрацијата и 50 пожарникари. Вработувањето на пожарникарите уште не е реализирано.
Советот на Град Скопје, на седницата одржана на 27 декември 2017 даде согласно за нови 52 вработувања, меѓу кои 22 административци и 30 пожарникари. На седницата одржана во март 2018 бројот се зголеми за дополнителни 20 пожарникари и 3 административци и сега со новата тура се вработуваат дополнителни нови 19 лица во администрацијата.
Извор: Вечер прес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст