| четврток, 6 декември 2018 |

Колку Еви ќе нѐ чини болната кампања за референдумот?

„Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство.

Да биде иронијата поголема, ваквото ветување требаше да се спроведе во период од 6 месеци кога СДСМ ќе ја преземе власта, но и после речиси година ипол откако дојдоа ништо од ова немаат направено.

За жал, денеска вистината е друга, Македонија беше потресена од смртта на 11-годишната Ева Крстановска од охридското село Коњско, која боледуваше од редок вид на леукемија.

Иако е познато дека веќе неколку месеци по брање на семејството граѓаните собираа средства за лечење на малата Ева во Германија, ФЗОМ денеска излезе со објаснување дека на 28.06 е донесена одлуката Ева да се лекува во турската болница каде што со издвоените средства од 145 илјади евра требало да се изврши трансплантација на коскена срцевина и хемо-терапија. Ова не е прв живото загрозувачки случај кој од страна на ФЗОМ добил одлука дека е најдобро да се лекува токму во Турција, оттука се поставува прашањето дали цената била пресудна за лекувањето на малата Ева да се насочи кон турската болница за која е донесена одлуката?

По трагедијата надлежните бесрамно вината ја свртеа кон семејството.

Дончев обвини дека семејството иако знаело во колку тешка здравствена состојба е девојчето, ја одбило оваа понуда од фондот и приложило приговор со цел детето да замине на лекување во Германија, тврди дека не било вистина дека се гледала најниската цена за лекување. На прашањето дали чувствува вина, Дончев рече дека тоа прашање е тендециозно.

Изјава даде и министерт за здравство Филипче кој вели дека фонд за лекување во странство има, навреме било известено семејството за понудите.

СДСМ, Заев и сите останати им ветуваа на граѓаните дека вакво нешто нема да дозволат повеќе да се случува.

Единствена разлика има во тоа што за Ева никој не излезе на протести или да повика оставка на министерот или на одговорните лица. Ги нема ниту активистите од Шарената револуција, ниту борците за човекови права, ниту пак загрижените невладини организации да излезат на улиците низ Скопје со транспаренти…

И додека на donacii.mk родители и роднини на речиси десетици дечиња и возрасни молат хуманите луѓе на оваа држава, а ги има многу, да се смилуваат и да донираат некој денар, Владата на СДСМ за референдумска кампања ќе потроши 400 илјади денари, за Собранието 80 милиони.

Подобри услови во здравството владата им ветуваше и на специјализантите, повисоки плати, европски услови за работа, но сега власта се соочува со протести на специјализантите кои летово излегоа со низа барања, плата и закани дека ќе ја напуштат земјата… СДСМ така ветуваа и на избори за политички поени со остварување на само една цел, а тоа е како да дојдат на власт, сега со истиот модел на лицемерие и лага ја „гарантираат“ македонската иднина во ЕУ и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top