| четврток, 6 декември 2018 |

Стружани ноќеска фатени со марихуана на „Партизанска“

Ноќеска околу 01 часот на ул. „Партизанска“ во Струга, од страна на полициски службеници било запрено патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.О. (27) од с. Делгожда, струшко, во кое совозач бил М.Д.(29) од с. Делгожда.

При легитимирање М.Д. фрлил едно полиетиленско ќесе со наркотична дрога марихуана. Ќесето било подигнато и предадено на вештачење, а М.Д. бил лишен од слобода.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top