Повторно напнато меѓу Софија и Скопје. Говорот на македонскиот премиер Зоран Заев предизвика остри реакции на една од владејачките партии во Бугарија, пишува Днес.бг.
Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук „Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик во Европската унија, кој има 500 милиони граѓани“, во амките на информативната кампања за претстојниот референдум за договорот со Грција и поканата за членство во НАТО и ЕУ бугарската владејачка партија ВМРО на Каракачанов ја оцни како „луда“.
-Во историските и лингвистички кругови не постои никаков спор. Македонското наречје е западно-бугарски дијалект. Друго е прашањето како една држава си го вика јазикот според својот Устав. Но, во меѓународното право јазикот (македонскиот) не постои и не се признава, коментира во студиото на “Денот ON AIR” европратеникот и заменик-претседател на ВМРО Ангел Џамбаски.
Според него, прашањето дали тој ќе го признае македонскиот јазик е ирелевантно, бидејќи вистината е повеќе од јасна.
-Секој Бугарин кој некогаш се сретнал со нашите браќа во Република Македонија, знае дека немаме никаков проблем да разговараме на ист јазик, бугарскиот, рече европратеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст